Викенд мода на снег

Според најавите деновите што следат ќе ни донесат снег, па токму затоа ви подготвивме снежна, викенд галерија.

Снегот ќе биде навистина добредојден – чист воздух, зимска идила и можност за убави слоевити комбинации.

Покрај капутите и јакните, капите и шаловите, треба да ги подготвиме и ракавиците, но и зимските чевли.

Добар пар непропустливи чизми се тоа што најмногу ќе ни треба за да можеме да уживаме во снежна прошетка.

Џемперите ќе ви бидат одличен сојузник и сета мека и топла облека што ја имате на располагање. Вообичаено најзастапени ќе бидат неутралните тонови како крем, нијанси на беж, окер, кафена и црната боја.

А за да го разиграте стајлингот секогаш може да внесете и мали колоритни детали.

Земете длабок воздух и прошетајте во снежен стил.

 

Фото: Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian