Без разлика дали се подготвувате за забава или сакате да го освежите вашиот секојдневен стил, зимата е совршено време за истражување на нови трендови за шминка.
Вo прилог ги пренесуваме најпопуларните трендови.
Ледено-сина сенка за очи
Оваа зима, сината сенка за очи повторно е во центарот на вниманието. Ледените сини сенки за очи внесуваат свежина, а можат да се носат и во посуптилна варијанта. За поинтензивен изглед комбинирајте ги со темен ајлајнер во индиго сина нијанса.
Боја на малини и капини
Боите на малина и капина се совршени за зимските месеци. Овие нијанси може да се користат за усни, очи и образи. Овој тренд може да се надополни со руменило и ајлајнер, за да се постигне монохроматски ефект.
Маскара во боја
Маскарата повеќе не мора да биде само црна или кафена. За зимата 2025 година, во тренд се маскарите во светли бои како виолетова, сина или боја на брусница. Маскарата во боја создава разигран и забавен изглед, така да зошто да не пробате во малку поразлични нијанси.
Светкави сенки
Зимските месеци носат елегантен, софистициран изглед со суптилни и светкави сенки. Овој тренд е совршен за поформални прилики и може да се комбинира со неутрални тонови на очните капаци. За максимален ефект, користете сенки кои лесно се нанесуваат и траат долго на очите – како течни сенки.
Месечев сјај
Зимата е време кога месечевиот сјај на кожата е во полн фокус. За да постигнете природен, хидриран и блескав тен, користете светкави прајмери, хидратантни креми и течни хајлајтери. Овој тренд создава здрав и свеж изглед на кожата, идеален за зимските месеци.
Розеви образи
Зимата е совршено време да имате природно зацрвенети образи. Овој тренд носи свеж и младешки ефект, со богати розови тонови кои наликуваат на изгледот на кожата од студениот воздух. Овие нијанси се совршени за постигнување зимска магија и може да се користат во комбинација со слични тонови на усните.
Класични црвени усни
Црвените усни се иконски и никогаш не излегуваат од мода, особено за време на празничните месеци. Оваа боја секогаш остава силен впечаток. Без разлика дали ќе се одлучите за класична црвена, ладно црвена или малку потемна нијанса, црвените усни се совршениот избор за во зима.
Без разлика за кој тренд ќе се одлучите, важно е да се чувствувате удобно во сопствената кожа и никогаш да не заборавите дека секоја шминка најдобро прилега кога на лицето имате насмевка.