На празникот посветен на свети Василиј Велики, ЕЛЕНА ЛУКА го посети Домот за стари лица „Мајка Тереза“ и донесе позитивна енергија, истакнувајќи ја важноста на хуманоста и грижата за повозрасните. Во соработката со Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ), ЕЛЕНА ЛУКА по деветти пат организираше настан кој донесе насмевка на лицата на корисниците на домот. Тие уживаа во македонскиот мелос, вкусната пита со паричка и се израдуваа на подароците кои ги добија од оваа општествено одговорна компанија.
„Сѐ уште сум полна емоции, посебно задоволство и чест ми е секојпат кога ќе дојдам тука. Веќе 9 години имаме комуникација и соработка со овој дом и навистина се чувствуваме како дел од оваа заедница. Мојот тим е постојано тука, а јас секогаш кога успевам да дојдам, се среќавам со овие прекрасни луѓе. Годините поминуваат, но ова останува едно посебно семејство, составено од луѓе со богати животни приказни и многу искуства од кои секогаш може да се научи. Тие луѓе се полни со љубов и опстанале низ разни искушенија, и сега тука, заедно, претставуваат вистинска енергетска целина, полна со рецепти за успешно живеење.“- истакна г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).
Посебно изненадување за ЕЛЕНА ЛУКА беше прекрасната поема која поетесата и корисничка на домот, Мирослава Богатинова ја посвети и напиша како подарок за долгогодишната соработка со ЕЛЕНА ЛУКА.
„Оваа куќа за мене значи многу, бидејќи е полна со љубов, волја за живот, духовност и конекција со Бог. Ја чувствувам како место каде се разоткриваат вистинските вредности на животот. Тука доаѓа до израз свесноста дека последната деценија од животот треба да биде посветена на духовност и творештво. Пресреќна сум што денес бев тука, исполнета со позитивни емоции, особена благодарност за поемата која ја напиша нашата прекрасна поетеса и подароците од менаџментот и корисниците. Св. Василиј е огромен светител кој учи на хуманост, љубов и грижа за другите. Денес, преку оваа средба, се потсетивме на вистинските вредности.“- рече г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).
Благодарност за долгогодишната соработка за реализацијата на овој хуманитарен настан кон ЕЛЕНА ЛУКА изразија раководителот на Домот за стари лица Мајка Тереза – Дејан Петров и претседателката на Националниот совет за родова рамноправност- Савка Тодоровска.
„Од срце им благодариме на нашите долгогодишни соработници, Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска и г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА). Нивната поддршка не може да се опише со зборови – тие се вистинскиот шлаг на тортата во овие зимски денови. Во име на сите корисници и целиот тим, изразувам голема благодарност за нивната постојана посветеност и љубов.“- порача Дејан Петров – раководител на Домот за стари лица „Мајка Тереза“.
„Со Домот за стари лица ‘Мајка Тереза’ соработуваме 33 години, заедно со менаџментот. Сме работеле со многу донатори, но со тимот на ЕЛЕНА ЛУКА соработуваме најдолго и најплодно. Големиот светец, св. Василиј, кој го славиме денес, нѐ инспирира за вакви хуманитарни активности. Хуманоста е во сите нас, и овој тим тоа го докажува со својата посветеност. Паричката која традиционално ја доделуваме симболизира среќа и добри мисли.“- нагласи Савка Тодоровска – Претседател на Национален совет за родова рамноправност (СОЖМ).
На овој празничен ден, емоциите и искрените пораки го истакнаа значењето на заедништвото и љубовта кон повозрасните. Организираниот настан го разубави секојдневието на корисниците на Домот за стари лица „Мајка Тереза“ и им донесе мотив и надеж за една нова година исполнета со здравје, среќа и позитивна мисла.
Повеќе фотографии од настанот се достапни тука: