Зимата е создадена за бели ентериери

Белата боја е како создадена за зимата, а кога станува збор за ентериери токму нејзината чистина е таа што ни треба по празничната разнобојност.

Време е малку да одмориме од украсите и боите, па затоа денес во рубриката ентериери ви издвоивме прекрасни инстаграм домови каде што целосно доминираат светлите нијанси.

Белата боја е секогаш поим за чистота и уредност, карактеристики што се бараат во секој дом.

Светлите тонови го осветлуваат просторот, истовремено правејќи го визуелно поголем. Едноставно, а сепак софистицирано и модерно.

Денешната доза инспирација за уредување на вашиот простор изгледа вака.

Фото: Instagram

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.