Лила Стојановска во улога на водител на 45 -тото издание на Светскиот Ромски бал кој се одржа во саботата, се појави во спектакуларен гламурозен фустан на реномираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА и предизвика восхит кај присутните на настанот.
Тоалетата која ја носеше Лила беше совршен избор за свечени пригоди и се карактеризираше со транспарентен дизајн што го нагласува телото на суптилен и софистициран начин.
„Фустанот е одличен избор за важни настани каде сакате да изгледате впечатливо. Основата е изработена од проѕирен материјал, прекриен со блескави декорации во форма на кристали и шљокици, кои создаваат ефект на светкање и привлечност. Горниот дел е корсет со историски крој без ракави, што ја истакнува елегантноста на вратот и рамената. Придружен е со зелена наметка од префинета тафта, која додава контраст и луксуз на целокупниот изглед. Долниот дел е тесно прилепен до колковите, а потоа се спушта во долга, праволиниска форма, обезбедувајќи грациозна силуета. Декоративните детали се стратешки поставени за да обезбедат баланс помеѓу транспарентноста и прикриеноста, додека материјалите создаваат динамика и богатство во изгледот. “- објаснуваат од тимот на ЕЛЕНА ЛУКА.
Лила истакна дека креацијата која ја носи вечерта прави да се чувствува посебно, поразлично и прекрасно, објаснувајќи дека истата е направена на инвентивен начин кој резултира со уникатен дизајн.
„Ова е сѐ направено во консултација со ЕЛЕНА ЛУКА и целиот тим, заедно избравме една ваква креација. Ниедна претходна креација не личи на оваа, секогаш е различна, ние сакаме секогаш да бидеме различни и да видиме до каде може да одиме со инвентивноста и со тоа како на мене ќе ми стои креацијата. Јас мислам дека не згрешивме. Прекрасно се чувствувам, не може да не се чувствувате прекрасно во нешто што вака изгледа. Навистина ми се допаѓа многу, малку поразлична од сѐ што сум носела сега, многу сум благодарна за тоа што го осмислија и направија. “- истакна Лила Стојановска во изјава за Fashionel.
Во својата изјава Лила се осврна и на долгогодишната соработка со ЕЛЕНА ЛУКА нагласувајќи дека оваа реномирана модна куќа таа ја смета за совршена симбиоза со неа и за нејзина втора половина кога е модата во прашање.
„За било каков настан јас секогаш сакам да изгледам убаво. Ние соработуваме од нејзиниот почеток, многу добро се познаваме, со ЕЛЕНА ЛУКА сме и приватно блиски, другарки и пријателки, точно знаеме кој што сака, кој што мисли, можеме да се погледнеме и знаеме којшто очекува, што таа од мене, што јас од неа. ЕЛЕНА ЛУКА постои повеќе од 15 години, тие имаат секогаш одличен тим, имаат одлични идеи, имаат најголем избор, најбрзо работат. Се случувало некогаш денес, за утре да ми излезат во пресрет, така што знам дека никогаш нема да ме изневерат, оваа соработка ќе трае уште многу долго.“- рече Лила.
За новата колекција на ЕЛЕНА ЛУКА , Лила имаше само пофални зборови и истата ја карактеризираше како совршена и единствена.
„Секогаш совршена, уникатна, единствена, интересна, секогаш се разликува. Кога некој носи ЕЛЕНА ЛУКА, секогаш се знае дека е ЕЛЕНА ЛУКА. Тоа значи дека има свој печат, оригиналност, сметам дека и јас сум таков тип, таков човек, и дека сме се нашле. Совршена симбиоза, втора половина кога станува модата во прашање, со ЕЛЕНА ЛУКА сме и приватно блиски, и знаеме со часови да разговараме, драго ми е што ми е и пријателка и соработничка. Благодарност до ЕЛЕНА ЛУКА и до целиот тим.“- нагласи Лила.
Оваа година Лила Стојановска по втор пат се појави на Светскиот Ромски бал како водителка и со својот изглед и енергија предизвика воодушевување и позитивни реакции кај присутните. Овој бал кој се одржува по 45-ти пат претставува одлична можност за промоција на ромската култура и традиција во земјава.
Повеќе фотографии од Лила Стојановска, во гламурнозната креација на ЕЛЕНА ЛУКА се достапни тука: