Симон Порте Жакемус се врати на Париската модна недела со колекција којашто ги спојува минатото и сегашноста.
Овој пат тој ја пронајде својата инспирација во 50-те или златното време на Холивуд, кога Мерлин Монро и Грејс Кели беа кралици на стилот.
Колекцијата наречена La Croisière или Крстосување беше прикажана пред само 40 гости во интимно опкружување, приватен стан, несвојствено за Жакемус.
Иако е познат по екстравагантните шоуа, дизајнерот за оваа колекција реши да биде поблиску до суштината на модата, односно да прикаже многу повеќе без помпезности.
На овој начин Жакемус создаде совршена симбиоза на луксуз и едноставност проткаена со неговата препознатлива естетика.
Импровизираната писта беше собир на некои од најпознатите супермодели како Кристи Тарлингтон, Дуцен Крос, Адриана Лима, Ирина Шајк…
Присутните меѓу другото можеа да погледнат фустани во облик на песочен часовник и балон здолништа, а во однос на бои доминираа црната, белата со мала доза на црвена нијанса.
Присутни беа и полка точките и пругите дополнети со чанти и дискретен накит, а помеѓу гостите се најдоа Памела Андерсон и Карла Бруни.
Во продолжение погледнете ја галеријата.
Фото: Jacquemus F/W 2025