Познатата модна новинарка Снежана Богдановска – Сани започна нов медиумски проект во форма на поткаст, фокусиран на модата и животниот стил.
Идејата се потпира на потребата од ширење на модната култура и културата на живеење во облик на тематски разговори со компетентни соговорници, во обид да на еден непосреден, разговорен начин се доловат суштинските сегменти од оваа сфера на животот.
Емисијата е поставена на „You Tube“ каналот и се емитува и во рамките на Канал 5 ТВ во реметраење од 1 чaс.
“Многу се радувам на новата можност која Канал 5ТВ ми ја овозможи. Идејата за ваков медиумски пристап ја имам одамна уште пред да ги измислат поткастите кај нас, но ете сега созреал моментот. Се надевам дека публиката ќе умее да препознае и ужива во квалитетен муабет.“- истакна Снежана Богдановска – Сани.
Темата на поткастот е модата и животниот стил разработена и дискутирана на базичен и аналитичен пристап со гости кои се релевантни и стручни на темата. Во фокусот ќе бидат: изгледот на јавните личности, дрес кодови, обуката на модните дизајнери, состојбата на македонската модна сцена, модата како самоекспресија, естетки корекции, стереотипи околу возраста и сл.
Ова е дефинитивно содржина која претставува освежување во форматот на поткасти кај нас.
Во прилог линк од последната епизода на поткасотот: