Првата работна недела од февруари ја стартуваме со бело, миди здолниште на преклоп, коешто има нежен дезен од тантела.
Ова парче облека го комбинираме со бел џемпер-ролка и кожен капут во окер нијанса.
Стајлингот го заокружуваме со окер чизми на потпетица, беж ракавици и бело капче во стилот на 20-те.
Имајте убав понеделник.
Фото: Pinterest