Храната, доколку правилно ја комбинираме може да биде лек. Токму затоа е од клучно значење што и како внесуваме во нашиот организам.
Здравиот дигестивниот систем е многу важен. Меѓу другото тој е поврзан со имунолошкиот систем и нашето расположение.
Одредени комбинации на храна и зачини прават чуда за овој дел од нашето тело.
Еве кои се тие:
Бибер и куркума
Куркумата има антивоспалително дејство и е одличен антиоксидант. Биберот пак содржи состојка што ја зголемува апсорпцијата на жолтиот зачин помагајќи на организмот да ги впие сите потребни материи.
Грчки јогурт и мед
Можеби ви изгледа чудно, но докажано е дека ако додадете малку мед во грчки јогурт ќе добиете одлична комбинација за вашиот дигестивен систем. Најдобро би било да користите ливадски мед. Овие две состојки ги намалуваат инфекциите и воспаленијата и го помагаат варењето на храната.
Варени јаболка и цимет
Јаболката и циметот се познати по своето комбинирање. Уште подобро е ако ги сварите овошките, додадете малку суво грозје и посипете потоа со цимет. Не само што ќе биде вкусно туку и чудесно добро за вашето тело.
Овесна каша и семиња
Топла овесна каша е одлична за зимски појадок, а кога на тоа ќе додадете и семиња, имате супер храна. Чијата е лененото семе се добар избор. Доволно е една супена лажица и ги добивате потребните витамини, минерали и антиоксиданти.
Добрите масти од семињата го забавуваат варењето на овесната каша со што нивото на шеќер во телото останува во нормални рамки.
Фото: Pinterest