Модна инспирација – лежерниот стил на Кејти Холмс

Кога станува збор за лежерна естетика Кејти Холмс е вистинска кралица.

Нејзината автентичност и опуштеност, којашто истовремено е и шик, е вистинска инспирација за оние кои сакаат едноставен, а сепак модерен и урбан стил.

Актерката како одамна да ја има најдено фомулата за овој начин на облекување, а судејќи по парчињата што ги одбира многу е лесно да го копираме.

Кејти претпочита џинс, oversized џемпери и јакни, како и макси капути во коишто изгледа елегантно и удобно.

Фан е на неутрални тонови, а ретко умее да внесе и боја.

Актерката сака удобни чевли и најчесто одбира tote чанти.

Холмс знае дека тајната за совршена лежерна естетика е да се пронајде вистинското парче облека што ќе го истакне целиот аутфит на свој и посебен начин.

Фото: Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian