Тајната на исхраната на Новак Ѓоковиќ: Како храната му помага да доминира на теренот

Новак Ѓоковиќ, најдобриот играч во историјата на тенисот е спортист кој посветено се грижи за своето тело и здравје. Неговата исхрана е клучен дел од неговиот успех, овозможувајќи му издржливост, брзина и ментална сила.

Откако ги елиминираше глутенот, млечните производи и шеќерот од својата исхрана, Ѓоковиќ забележа огромни подобрувања во своите перформанси. Чувствувајќи се посилен и енергичен, тој на 37 години успева да остане на врвот на тенисот со дисциплина и правилна исхрана.

Во прилог ви откриваме што јаде Ѓоковиќ во текот на денот.

Појадок: Power Bowl – вистинска енергетска бомба

Секој ден започнува со Power Bowl, специјален појадок што му обезбедува неопходни хранливи материи за напорните тренинзи и натпревари.

Тој содржи:
-Безглутенско мусли или овес
-Јаткасти плодови (бадеми, ореви, индиски ореви)
-Семки (чиа, лен, тиква)
-Свежо и суво овошје (банана, бобинки, урми)
-Лажичка кокосово масло за минерали и електролити
-Бадемово, оризово или кокосово млеко

Овој микс го одржува сит, му дава енергија и помага во обновување на мускулите.

Ручек: Баланс на јаглехидрати и зеленчук

За ручек, Ѓоковиќ најчесто избира безглутенска паста направена од киноа или ориз, комбинирана со сезонски зеленчук како броколи, рукола и црвени пиперки. Често додава песто од босилек и ореви, за дополнителен вкус и здрави масти.

Ужинки: Чиста енергија без шеќер

Помеѓу оброците, Ѓоковиќ јаде интегрални барови со јаткасти плодови, хумус со јаболка или безглутенски крекери со авокадо. Пред натпревар, зема и неколку урми за брза енергија.

Вечера: Лесно, но хранливо

Вечерата вклучува свежи салати со авокадо и домашен прелив, супи како онаа од морков и ѓумбир, или органско месо со варен зеленчук.

Во исхраната на Новак Ѓоковиќ има неколку клучни навики кои ги практикува секој ден и кои му овозможуваат да ја обезбеди потребната енергија за напорните тренинзи и тениски натревари кои се пред него.

Тајните на неговата исхрана

-Денот започнува со топла вода со лимон за подобрување на варењето.
-Секојдневно консумира мед – две лажици манука мед за природна енергија.
-Избегнува глутен, шеќер и млечни производи за полесно варење и повеќе енергија.
-Пие многу вода и електролити за хидратација.
-Практикува интермитентен пост за подобра контрола на тежината и ментален фокус.

Новак Ѓоковиќ е еден позитивен пример кој е сериозно посветен на своето здравје и кој знае дека енергијата која ја имаме во текот на денот е резултат на тоа што внесуваме во телото. Токму затоа неговата исхрана која е строго избалансирана и му дава сериозна поддршка да остане на врвот на светскиот тенис.

Извор: novakdjokovic.rs

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian