Супермоделот Бjанка Балти (40) приреди вистински спектакл на фестивалот Санремо 2025 во Италија, и покрај нејзината борба со ракот на јајници.
Италијанската модна икона вчера продефилира на сцената на Театар Аристон во четири гламурозни фустани со светкави детали.
Во еден од најзабележителните изгледи, таа носеше сребрен фустан, украсен со светкава монистра и сензуален отвор на деколтето. За дополнителна доза гламур, преку рамото носеше луксузен крзнен шал.
За вториот изглед, Бjанка избра црн светкав фустан со длабоко деколте, кој совршено ја истакнуваше нејзината елеганција. Комбинацијата ја заокружи со впечатлив ѓердан и висечки обетки.
Во третата комбинација, таа изгледаше софистицирано во небесно син фустан со длабоко деколте, светкави прерамки и пердувест долен дел. Долгиот пердувест дел додаде доза на драма, додека таа грациозно се симнуваше по скалите на сцената, а стајлингот го комплетираше со проѕирни црни ракавици.
За својот финален изглед, Бjанка избра транспарентен фустан во боја на кожа, целосно покриен со светкави кристали. Таа му се придружи на својот ко-водител Карло Конти и италијанскиот пејач Кристијано Малџољо, внесувајќи енергија и шарм во вечерта.
И покрај нејзината неодамнешна битка со ракот, Бjанка блескаше на сцената, споделувајќи насмевки и танцувајќи со колегите.
Нејзиното појавување доаѓа само неколку недели по завршувањето на нејзиниот хемотерапевтски третман на 27 јануари оваа година.
Со својот настап таа даде инспирација и поддршка на сите оние кои се борат со оваа болест.
Инаку Бјанка Балти е еден од најпознатите италјански супер модели со светска кариера. Таа долги години беше заштитно лице на Dolce & Gabbana, повеќе пати ја красеше насловната страница на светските магазини како Vogue, a се појави на ревија на Victoria’s Secret.
Извор: dailymail.co.uk