ELENA LUKA HOME советува: Како да уредите поткровје според трендовите во 2025

Кога станува збор за атрактивен стан на поткровје, станбено-деловниот објект FUTURA 2 е совршен избор за сите оние кои сакаат приватност, удобност, функционалност и модерен изглед.

FUTURA 2 е дел од комплексот FUTURA, којшто се наоѓа на одлична локација во Кисела Вода, на булеварот „Борис Трајковски“ на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје.

На располагање имате атрактивни квадратури од 51m², 55m² и 62m², со врвен дизајн, градени според светски стандарди. Нивниот функционален распоред и одличната искористеност на просторот се вистински избор за трајно решавање на станбеното прашање.

А кога зборуваме за уредување на стан на поткровје, тогаш ELENA LUKA HOME има неколку совети за вас спoред трендовите за 2025-та.

Одберете природни материјали

Природните материјали како дрво, камен и ратан ќе придонесат за топол и автентичен изглед на ентериерот. Просторот ќе биде повеќе од комфорен и пријатен за целодневен престој и уживање.

Минималистички мебел

Доколку сакате модерен амбиент и просторност одлучете се за мултифункционални парчиња со едноставни линии коишто ќе создадат совршена хармонија. Минималистичкиот пристап останува пример за урбано домување и оваа година.

Зелени оази

За да постигнете свежина во домот внесете растенија како вертикални градини или висечки саксии. На овој начин домот добива зелена одржлива оаза, воздухот е чист, а вашиот поглед одморен.

Топли неутрални тонови

Комбинацијата од беж, крем и земјени бои придонесува за смирувачка и пријатна атмосфера во домот, па затоа одлучете се за некоја од овие нијанси. Топлите тонови се одличен избор за секое годишно време.

Уметнички моменти

За просторот во вашиот стан да добие карактер внесете уметнички слики, скулптури или интересни тапети со текстура. Вашиот избор ќе му даде личен печат на домот според вашата креативна замисла.

Ако сте во потрага по нов дом и корисни совети за негово уредување ELENA LUKA HOME е името на кое треба да му верувате.

За повеќе информации јавете се на:
02 3 103 816
070 276 511
070 290 200
или пишете на: contact@elenalukahome.com
Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian