Лондон вчера беше домаќин на престижните БАФТА награди, привлекувајќи ги најголемите ѕвезди од филмската индустрија на црвениот тепих во Кралската фестивалска сала на Саутбанк Центарот.
Настанот беше одбележан со впечатливи модни изданија, преку кои познатите личности ја нагласија својата автентичност.
Аријана Гранде, која беше номинирана за најдобра споредна актерка, се појави во бледо розова креација на Louis Vuitton со волуменозна сукња и длабоко деколте од кадифе, инспирирана од нејзината улога во „Wicked“.
Беспрекорно елегантна беше и Селена Гомез која исто така беше номинирана за најдобра споредна улога, издвојувајќи се во сребрена тоалета со светкави камења и софистициран црн горен дел, кој совршено ја истакна нејзината силуета.
Деми Мур, пак која беше номинирана за најдобра актерка, избра смела креација на Alexander McQueen со светкави детали, комбинирана со едноставна фризура и шминка.
Камила Кабејо го оживеа трендот на „гол фустан“ со розова корсет-креација украсена со светкави елементи.
Зои Салдана која ја доби наградата за најдобра споредна актерка за улогата во Emilia Pérez се одлучи за елегантен фустан на Saint Laurent со пердувести детали.
Што се однесува до филмските награди ватиканската драма Conclave освои четири награди, вклучувајќи ги признанијата за најдобар филм и извонреден британски филм. Ист број награди освои и The Brutalist на Брејди Корбет, кој му донесе БАФТА награда за најдобар режисер, а Адриен Броуди ја освои наградата за најдобар актер.За најдобра актерка пак беше прогласена Мики Мадисон за улогата во Anora.
Оваа вечер беше вистински празник на модата и филмот, каде што ѕвездите го покажаа својот стил и гламур во полн сјај.
Повеќе фотографии од познатите на БАФТА наградите се достапни тука: