Ема Стоун на настан во смел фустан со пуканки во џебовите

Ема Стоун ја редефинираше модата преку нејзиниот излед кој комбинира стил и закуска.

На настанот, SNL50: The Anniversary Special, кој се одржа во Њујорк каде се одбележува 50-годишниот јубилеј на Saturday Night Live (SNL), добитничката на Оскар привлече внимание во црвен фустан со смел висок шлиц, елегантни прерамки и длабоки странични џебови.

Но, не беше само силуетата или нејзините свилени црвени сандали што го креираа нејзиниот изглед, туку и тоа што го носеше во џебовите: путер-пуканки.

Стоун држеше и класична кутија со пуканки додека позираше за фотографии, опуштено каснувајќи пуканки помеѓу кадрите.

За да го комплетира монохроматскиот изглед, таа го надополни стилот со смел црвен кармин, ѕвездовидни обетки и неколку нежни прстени. Покрај неа, нејзиниот сопруг Дејв Мекари беше елегантен во класичен црн смокинг и полирани кожени чевли.

Ѕвездата на Poor Things не беше единствената славна личност што се појави на SNL50. Настанот ги собра комичарските легенди и холивудските елити, вклучувајќи ги Ким Кардашијан, Ања Тејлор-Џој и Мајли Сајрус.

Со музички настапи и легендарни скечеви настанот го одбележа петдецениското наследство на Saturday Night Live.

Дефинитивно стајлингот на Ема Стоун на овој настан докажува дека модата и забавата можат да одат рака под рака.

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian