Таа дефинитивно е една од најпознатите музички ѕвезди во светот, а токму на денешен ден слави роденден.
Робин Ријана Фенти е родена на 20-ти февруари 1988 година во Барбадос. Уште од најрана возраст покажува голем талент за пеење и освојува награди на училишни натпревари.
Во 2004 ја стартува својата професионална кариера, а веќе следната година го издава првиот албум потпишувајќи договор со продуцентската куќа на Џеј Зи.
Ријана освен што ги воодушевува своите фанови со музиката, таа е позната и по својот уникатен стилски израз. Убавицата од Барбадос секогаш изгледа впечатливо, моќно и самоуверено во тоа што го носи.
Пејачката е позната и по тоа што промовираше еден поинаков труднички стајлинг, воопшто не трудејќи се ни за миг да го сокрие својот стомак.
Гордо ги истакнуваше своите облини во смели креации, испраќајќи порака до идните мајки дека телото изгледа совршено добро и со повеќе килограми.
Ријана е мајка на две момчиња (со нејзиниот партнер Ејсап Роки), има мега успешна музичка кариера, своја козметичка линија и е најмладата американка која самостојно заработила милијарда долари.
Во продолжение неколку нејзини незаборавни стилски моменти.
Среќен 37-ми роденден Ријана.
Фото:Pinterest