Џејн Фонда, 87, докажува дека годините ништо не и можат. Таа зрачи со неворојатна харизма и енергија и токму затоа беше избрана за ново заштитно лице на италијанскиот бренд Golden Goose.
Фонда, која важи за холивудска дива, до пред неколку години беше активно вклучена во проекти.
Публиката едноставно ја сака, па токму затоа Golden Goose одлучија да ја ангажираат во кампањата чијшто слоган гласи Born to be a Super-Star.
Џејн стигнува на сетот како вистинска супер ѕвезда подготвена за снимање, но во последен момент екипата забележува дека ги нема патиките коишто актерката треба да ги носи.
Настанува вистинска мешаница, но за среќа патиките пристигнуваат навреме, а Фонда не дознава дека воопшто имало проблем.
Актерката сама за себе има кажано дека со годините станала порелаксирана и послободна и токму затоа и подопадлива кај јавноста.
Нејзината енергија е за почит, а таа е вистинска супер ѕвезда во оваа кампања.