Даниел Дедвајлер со смел стајлинг на SAG Awards: Фановите ја споредија со „столна ламба“

Еден од изгледите кои привлекоа најголемо внимание на годинешните SAG Awards, беше оној на актерката Даниел Дедвајлер која се појави во храбра, авангардна црвена тоалета.

Фустанот, за кој се верува дека е креација на Louis Vuitton, се истакнуваше со две кружни структури од волуменозна тул материја, што го направи еден од најкоментираните изгледи на вечерта.

Ѕвездата на The Piano Lesson ја надополни комбинацијата со црвени штикли, сребрена нараквица, впечатлив прстен и блескави обетки. Таа одбра нежен, природен мејкап и високо крената пунџа за да го заокружи изгледот.

Иако драматичниот скулптуралeн дизајн имаше за цел да донесе уметнички момент на црвениот тепих, социјалните мрежи имаа поинаква реакција. Фановите не можеа да одолеат на споредбите, коментирајќи дека изгледа како „столна ламба“, и „чоколадна фонтана“.

Без разлика дали е моден погодок или предизвик за вкусот, Дедвајлер го украде вниманието, докажувајќи дека модата на црвениот тепих е сè освен обична.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian