Burberry ја затвори Лондонската модна недела со мајсторски приказ на суптилен луксуз

Модната куќа Burberry ја затвори Лондонската модна недела во вистински британски стил. Колекцијата за есен-зима 2025, претставена во легендарниот музеј Тејт, беше одраз на суптилен луксуз, врвни ткаенини, неутрални нијанси и беспрекорен крој.

Креативниот директор Даниел Ли испорача рафинирани парчиња облека базирани на класични, но и отмено луксузни дизајни како кожни мантили, брокатни костуми и јакни со постава. Отворањето на шоуто беше со костим во боја на овесно брашно, составен од кратка јакна, јавачки панталони и шал со реси. Палетата остана верна на софистицираните тонови, со доминација на кафеава и бордо боја.

Модното шоу собра импресивна листа на учесници, како модните легенди Наоми Кембел, Иди Кембел и Ерин О’Конор. Лила Мос, ќерката на супермоделот Кејт Мос, исто така се појави на пистата. Во првиот ред блескаа ѕвезди како Орландо Блум и Ким Катрал.

Вистинскиот хит на вечерта беше витезот во вистински оклоп, директно од најновата кампања на Burberry, кој ги шармираше гостите меѓу кои беше и главната уредничка на Вог, Ана Винтур. Неговото присуство му додаде доза на хумор на ова префинето модно шоу.

Со оваа колекција, Burberry докажа дека тивкиот луксуз не е само тренд , туку безвременска инспирација.

FOTO: us.burberry.com

Во прилог фотографии од неколку од повпечатливите изданија од ревијата:

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian