Париската модна недела го имаше својот официјален старт, а меѓу модните куќи кои ја имаа честа да настапат првиот ден, беше и Диор.
За оваа есен/зима колекција на модната куќа Марија Грација Кјури на свој начин го оживеа богатото наследство на Диор.
Кјури, која е креативен директор на брендот од 2016 година, не однесе на патување низ времето, односно низ четири векови од 16-от па се до модерниот 20-ти.
Покрај историските парчиња облека како кринолините, подуените ракави и тесните панталони, тука беа и фустаните од тул кои ја сменија насоката од секси во спортски варијации.
Колекцијата донесе и корсетирани блејзери со флорални додатоци, како и целосно црни униформи коишто беа дополнети со ретро маички на коишто стоеше натписот J’adore Dior.
Светкави мантили, излижани бајкерски јакни и чизми со тантела прошетаа низ пистата, отстапувајќи им на крај место на неколку металик модели и проѕирни решенија.
Фото: Getty