Доколку сте љубител на слатко, а сакате да се храните здраво, го имаме вистинскиот рецепт за вас. Овие енергетски бомбици со сечкани суви цреши и ф’стаци се совршени за да ги задоволат сите ваши потреби за десерт во текот на денот. Бадемовиот путер и какаото им додаваат кремаст состав и чоколаден вкус кој освојува.
Еве како да ги подготвите…
Состојки
- 1 ½ шолја суви цреши
- ¾ шолја излупени, солени ф’стаци
- ½ шолја бадемов путер
- 3 лажици какао во прав
- 4 лажици чист јаворов сируп
- ½ лажичка мелен цимет
Начин на подготовка
- Во блендер или процесор за храна ставете ги сувите цреши, ф’стаците, бадемовото путерче, какаото, јаворовиот сируп и циметот.
- Изблендирајте со кратки пулсирања 10-20 пати, а потоа обработувајте уште 1 минута додека смесата не стане ситно исечкана, но доволно компактна за да се обликуваат топчиња.
- Со влажни раце (за да не се лепи смесата), земете околу една лажица од смесата, стиснете ја цврсто меѓу дланките и обликувајте топче.
- Ставете го во сад за чување. Повторете го процесот со преостанатата смеса.
Овие енергетски бомбици се одличен избор за брза и здрава ужина. Можете да ги чувате во фрижидер до една недела или во замрзнувач до три месеци. Совршено се вклопуваат во секојдневната исхрана и обезбедуваат неверојатна енергија.