Еден од најинтересните стилови е секако бохо, препознатлив по својата романтична и опуштена естетика.
За прв пат го гледаме во 60-тите години, како дел од хипи движењето за подоцна да се појавува во секоја наредна деценија со свои алтернативи.
Широките кошули, карнерите, ленот, тантелата, широките панталони и фармерки се поврзуваат со бохо стилот. Неизоставен дел се и очилата, впечатливиот накит, ремените и шеширите.
Пролетта е совршено време за внесување на бохо елементи во стајлингот, па доколку некогаш сте посакале да го испробате овој начин на облекување сега е вистински момент.
Одличен е за дневна прошетка, но и за вечерна забава, а нашиот мал фото водич ќе ви даде неколку добри идеи.
Фото: Pinterest