Елизабет Харли со синот Демијан во гламурозно издание

Иако се ближи кон 60-ката, Елизабет Харли се уште изгледа младо и енергично како пред неколку децении.

Кога и да се појави во јавноста таа го свртува вниманието кон неа. Актерката неретко како придружба на свечени настани го зема со себе и нејзиниот 23 годишен син Демијан.

Така беше и во Германија на 2025 SPA наградите, коишто се одржаа викендов во Германија. Харли, 59 и нејзиниот син ги услогласија своите стајлинзи и изгледаа еднакво гламурозна.

Елизабет за оваа прилика носеше светкав, сребрен фустан, со длабоко деколте којшто и ја истакнуваше витката силуета.

Макси тоалетата ја комплетираше со високи потпетици и дијамантски накит.

Нејзиниот син Демијан одбра малку посмел ауфит – флорална, црна јакна, кожни панталони и црни чизми со потпетица.

Харли го доби синот од нејзината врска со покојниот Стив Бинг. Демијан во повеќе прилики ја истакнува својата голема почит и восхит кон својата мајка.

Фото:Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian