Четврт регионален Марили Бизнис Форум посветен на туризмот

Годинава, на 17 мај 2025 година, со почеток од 10 часот, во „Панорамика Дизајн Хотел“ ќе се одржи четвртиот по ред регионален „Марили Бизнис Форум“. Овогодишната тема е „Туризмот- Фактор за економски развој и конкурентност во земјава и регионот“. Модераторите, како и панелистите доаѓаат од реномирани и докажани македонски и регионални компании, и во три панел сесии ќе се обидат да дадат одговори на многу прашања и да понудат нови идеи и решенија.

Вовед во сесите ќе биде анализата за вицегувернерката м-р Ана Митреска, на тема „Улогата и пристапот до финансирање на малите и средни претпријатија во македонската економија“. Првата панел сесија е насловена „Алтернативни форми на туризам – Рурален развој и одржливост на дестинации како фактори за локален развој, втората панел сесија е именувана „Хотелско- туристичка индустрија – Можности, трендови и предизвици“, додека пак третата, последна сесија е насловена „Ено – гастро концепт, автентичен и современ начин на развој на туризмот“.

„Гости на Форумот се и членките на Марили Бизнис Клуб, кој го сочинуваат најдобрите жени менаџери, кои биле дел од наградените лауреатки во изминатите 28 години. Тие даваат поддршка на сите проекти на „Марили“, независно дали станува збор за едукативни или пак хуманитарни проекти, соработуваат, се вмрежуваат и го поддржуваат јакнењето на лидерството“, вели Лидија Трипуноска, генерална менаџерка на агенција „Марили“ и организатор на „Марили Бизнис Форум“.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian