Aнџелина Џоли во бел елегантен аутфит заедно со ќерката Захара

Анџелина Џоли уште еднаш ја покажа својата елеганција и безвременски стил на редок заеднички настап со својата ќерка Захара. Двете присуствуваа на хуманитарен бранч во организација на Women in Training Inc., каде го почитуваа дрес-кодот во бело, но со различни модни пристапи.

Џоли избра лежерно елегантен изглед со лесна кошула, која со еден едноставен трик, врзување во мал јазол доби доза на софистицираност. Ја комбинираше со свиленкасто макси здолниште со набори, создавајќи женствена и шик силуета.

Захара, пак, блескаше во бела миди тоалета со везени детали, надополнета со нежни сребрени аксесоари и елегантни салонки со ремче.

Оваа мајка-ќерка комбинација уште еднаш докажа дека минимализмот со вистински моден акцент секогаш остава впечаток.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian