
Кога зборуваме за современа идеја за убавина, името Бела Хадид често се појавува на врвот на листите. Американската суперманекенка, позната по своите остри црти на лицето, смели погледи и меѓународна популарност, не само што е една од најпознатите фигури во модната индустрија, туку и предмет на научни анализи за „перфектна убавина“.
Golden Ratio- златен рез: Научна анализа на убавината
Пред неколку години, познат пластичен хирург од Лондон го користеше математичкиот концепт „златен рез“ (Golden Ratio или Phi = 1:1,618) старогрчка формула која укажува на „хармоничен“ и „естетски привлечен“ распоред на црти за да ги измери лицата на познати личности. Во тоа истражување, Бела Хадид беше прогласена за една од личностите чие лице е најблиску до овој идеал, со резултат од околу 94,35% совпаѓање со Golden Ratio. Тоа ја донесе титулата „најубава жена во светот“ според оваа методологија, над значајни имиња како Бијонсе и Аријана Гранде. Методот го користел и Леонардо Давинчи.
Овој математички пристап на убавината ја постави Бела во фокусот не само како модел, туку и како „научно“ мерлив феномен на современата естетика, потврда на тоа колку симетријата и пропорциите можат да влијаат на перцепцијата на убавината во светот на социјалните медиуми и поп-културата.
Од Санта Барбара до светските писти
Бела, вистинско име Исабела Каир Хаидт е родена на 9 октомври 1996 година во Вашингтон, САД, но пораснала во Санта Барбара, Калифорнија, во богато, глобално семејство. Таа е ќерка на палестинско-американскиот магнат на недвижнини Мохамед Хадид и поранешната холандска моделка Јоланда Хадит. Има четворица браќа и сестри, меѓу кои најпознати во модниот свет се Џиџи и Анвар Хадид.
Кариерата ѝ започна уште како тинејџерка. На 16 години потпиша договор со IMG Models и почна да се појавува на пистите на модните недели во Њујорк, Лондон и Париз. Брзо стана една од најбараните лица во индустријата, со бројни насловни страници и кампањи за врвни модни куќи. Таа беше именувана и за „Model of the Year“ од Британскиот моден совет, а Time Magazine ја вброи во својата листа на 100 највлијателни личности во светот.
Колку заработува?
Иако точните бројки за заработка варираат според различни извори, медиумите проценуваат дека Бела Хадид има околу 25 милиони долари нето вредност во 2025/2026 година, што ја става меѓу најуспешните модели на светот. Таа заработува преку главни модни кампањи, реклама за луксузни брендови како Диор и Булгари, од договори со IMG Models, како и преку сопствената линија парфеми и други бизнис иницијативи.
Во просек, највисоко рангираните модели на светот можат да заработат милиони долари годишно преку договори, ревии и бренд амбасадорства, а Бела редовно е дел од тој круг на елита.
Тивка битка: Болеста која ја обележа нејзината младост
Покрај светлината на модните писти, Бела долго време се соочува со темнината на хронично здравје. Таа беше дијагностицирана со Лајмска болест уште во 2012 година, кога имаше само 16 години. Болеста предизвикува симптоми како изнемоштеност, болки во зглобови, мозочно заматување, анксиозност и екстремен замор. Нивниот интензитет ѝ го отежнуваше животот и кариерата, принудувајќи ја да направи паузи и повеќекратни третмани.
Во 2023 година, Бела сподели дека по над 15 години невидливо страдање конечно се чувствува „најздарава“, откако помина долг и интензивен третман. Сепак, болеста продолжи да ја предизвикува. Во 2025 се појавија извештаи дека повторно била хоспитализирана поради компликации од здравствената состојба. Љубовта и поддршката од семејството, посебно од мајка ѝ Јоланда, беа често истакнувани во јавните пораки и објави.
Овој неочекуван аспект од нејзиниот живот ја направи Бела симбол на многу обожаватели ширум светот ,не само како убава и успешна, туку како човечко суштество со реални битки, благодарение на искреноста со која таа ја споделува својата приказна.
Убавината и вистината за „златниот рез“
Иако анализите со Golden Ratio ѝ донесоа лавини на пофалби и научни означувања како „најблиску до перфекцијата“, експертите истакнуваат дека убавината е комплексна и не може целосно да се сведува само на математика. Златниот рез е интересен алат, но убавината и привлечноста се обликуваат од културните, индивидуалните и субјективните фактори, нешто што научните мерења не можат целосно да опфатат.
Сепак, Бела е пример за тоа како современиот „идеал“ на убавината, потенциран и од златниот рез може да оди рака под рака со реални човечки предизвици. Како модел, бизнис жена и јавна личност, таа ја споделува својата уметничка вредност, но и својата емоционална и физичка борба, што ја прави многу повеќе од само „совршено“ лице измерено со математика.
Н.Т
Golden Ratio- златен рез: Научна анализа на убавината
Од Санта Барбара до светските писти
Колку заработува?
Убавината и вистината за „златниот рез“