Иако белата боја почесто ја поистоветуваме како летна варијанта, тоа не значи дека не одговара за зимата.
Џемперите се составен дел од студените денови, а за денес ги одбравме оние во бела нијанса.
На прв поглед ја забележуваме нежноста, мекоста и удобноста, а доколку правилно го комбинираме белиот џемпер може да изгледа и навистина софистицирано.
Без разлика дали го носиме во кежуал стил или како џемпер ролка во посвечени моменти, ова парче облека си раскажува своја стилска приказна.
Белиот џемпер, заедно со беж нијансите, со себе носат доза на женственост што многу прилега на зимскиот аутфит. Одлично се сложуваат со макси или миди здолништа, панталони и џинс, а во однос на боите доминираат светлите тонови.
Во зависност од временските услови белиот џемпер го дополнуваме со кошула, а со тоа добиваме совршен деловен стајлинг.
Нашите денешни предлог комбинации се тука да ве згреат и да ви покажат неколку добри идеи.
Фото: Pinterest