Безвременска црна елеганција – секогаш одличен избор

За оние кои сакаат стилска игра на сигурно црната боја е секогаш тука. Таа е чест сопатник на многу свечени моменти.

Предновогодишните забави се во полн ек, а се ближи и најлудата ноќ, па сите дами кои сакаат елеганција и софистицираност тоа ќе го најдат во црниот фустан, елегантна кошула, панталони, здолниште…

Сето тоа може да се дополни со високи потпетици, ремен, панделки или соодветен накит, секако според вашите преференции.

За уште поголем впечаток тука се црните парчиња со светки во коишто несомнено ќе блеснете на забавата.

Црната класика останува да владее, а ние сме секогаш тука за идеите со нашата мала галерија.

Фото: Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian