Бојата на авокадото совршено и прилега на есента

Големите модни куќи веќе за време на пролетните ревии најавија доминација на авокадо-зелената боја. Во колекциите за есен/зима 2025, оваа нијанса се појавува во различни изведби , од светол пастелен тон до длабока маслинеста зелена.

Gucci ја искористи во своите кежуал комбинации, од волнени џемпери до елегантни костими, создавајќи модерен баланс помеѓу природност и луксуз. Од другата страна, Valentino е уште еден бренд кој оваа боја ја внесе во својата колекција, првенствено преку чанти и модни додатоци во ретро стил.

Авокадо-зелената боја, со својата свежина и топлина, стана симбол на елеганција и позитивна енергија, и дефинитивно е боја што ќе ја гледаме насекаде оваа сезона.

Оваа боја се појавува на сè – од капути и костими, до чанти, чевли и дури модни детали. Таа внесува современ дух, но и префинетост, што ја прави идеален избор и за дневен, и за вечерен изглед.

Во комбинација со бела, беж или металик нијанси, создава чист и софистициран изглед, додека со потемни тонови внесува доза на мистерија и сила. Модните експерти велат дека оваа боја симболизира смиреност, самодоверба и модерна елеганција – вредности што совршено ја опишуваат новата модна ера.

Без разлика дали ќе ја изберете во форма на блејзер, здолниште или само еден моден додаток, авокадо нијансата е сигурен избор за сите кои сакаат да изгледаат тренди и уникатно.

 

 

 

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian