Бредли Купер отвора ресторан каде што ќе се служи само едно јадење

Уште еден холивудски актер реши да отвори сопствен ресторан. Станува збор за маестралниот Бредли Купер кој пред нова година реши да се испроба во сосема нов концепт.

Ресторанот наречен Danny&Coop ќе го води со Дени Ди Џјампјетро кој е сопственик на познатата пицерија Angelo’s.

Двајцата соработуваат веќе неколку години а поголемо внимание предизвикаа лани кога во Њујорк организираа pop-up food cart, каде на отворено подготвуваа храна.

Нивниот специјалитет cheesesteak, којшто инаку е потпечен сендвич со месо, зеленчук и сирење беше вистински хит, а сите собрани пари од продажбата тогаш беа донирани во хуманитарни цели.

Токму затоа и сега јавноста верува дека ресторанот ќе го послужува токму популарниот Philly Cheesesteak.

Актерот по успешниот пробен викенд најави службено отворање на Danny&Coop во текот на месецов.

Џиџи Хадид, која моментално е во врска со Купер, ја даде својата максимална поддршка на партнерот на друштвените мрежи повикувајќи ги следбениците да го пробаат вкусниот сендвич.

Фото: Instagram, Profimedia

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian