Лондонската модна недела секогаш привлекува светски модни ентузијасти, а оваа сезона не е исклучок. Дизајнерите деновиве ги претставуваат своите најнови креации за есен/зима 2025, а првите редови се издвоени за славните личности, кои со својот беспрекорен стил ја надополнуваат модната магија на пистите.
Оваа година, Лондон пулсира во ритамот на најновите трендови, спојувајќи класика и авангарда, во ревии кои ја дефинираат иднината на модата.
Меѓу најстилските двојки присутни на Лондонската модна недела беа Бруклин и Никола Пелц Бекам, кои специјално дојдоа за да ја проследат ревијата на Burberry.
Бруклин се одлучи за спортско-елегантен пристап, носејќи тренерки со препознатливиот дезен на брендот, додека Никола му парираше со карирани панталони и кожна јакна со ретро вибрации од 90-тите.
Со својата совршено усогласена естетика, тие докажаа дека модата може да биде и игра на хармонија и стилско надополнување.