Calvin Klein се враќа на модната писта по шест години пауза

По повеќе од шест години пауза познатиот американски бренд Calvin Klein повторно се враќа на модната писта.

Од брендот веќе најавија дека ревијата е закажана за седми февруари следната година во рамки на модната недела во Њујорк.

Новата креативна директорка Вероника Леони ќе ја претстави својата прва колекција којашто ќе вклучи и машки и женски модели.

Ова ќе биде нова ера за Calvin Klein и нов почекот за брендот кој успеа да опстои на пазарот повеќе од 30 години.

Ретко кој може да ги заборави нивните кампањи од 90-те, во коишто Кејт Мос и Марк Волберг беа највпечатливиот моден пар.

Calvin Klein последен пат ја презентираше сојата ready to wear колекција на модната недела во Њујорк во септември 2018 година.

Се уште не се знае дали брендот ќе ги собере најпознатите ѕвезди или пак ќе направи како Loewe, покренувајќи свежа, нова листа на модни следбеници.

Фото: Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian