
CNN travel ја препознава Македонија како една од скриените врвни европски дестинации, земја што сè почесто го привлекува вниманието на патеписците и туристичките експерти. Со својата недопрена природа, драматични планински пејзажи и исклучително богата гастрономија, земјата се издвојува како вистински бисер на Балканот – убава, разновидна и сè уште автентична.
Еве што пишува:
Северна Македонија: повеќе од „големите три“
„Повеќето посетители на Европа ги фокусираат своите патувања на Франција, Шпанија и Италија, но на континентот постојат дури 44 од Обединетите нации признати држави што вреди да се истражат.
На пример, Северна Македонија, драматично планинска дестинација директно северно од Грција, заслужува многу поголемо туристичко внимание. Тука се нејзините пејзажи со бујни зелени падини и снежни планински врвови, како и исклучително разновидната кујна, каде што трпезата се менува од една до друга долина. Земјата има и сончева клима, која овозможува зеленчукот да биде сочен и богат, а вината од нејзините лозја силни и изобилни„
Линк до оригиналниот извор:
https://edition.cnn.com/2026/04/11/travel/travel-news-north-macedonia