Црвениот тепих на Emmy наградите 2025 – префинетост, гламур и доминација на црната боја

Изминатиот викенд беше во знакот на 77-те по ред e Emmy награди каде што се доделуваат признанија за најдобрите телевизиски остварувања.

Настанот како и секоја година стартуваше со гламурозен црвен тепих на којшто ѕвездите од малите екрани се покажаа во беспрекорно светло.

Меѓу оние кои привлекоа поголемо внимание со своите модни решенија беа Селена Гомез во црвен фустан од Луј Витон, Кејт Бланшет во креација на Армани и Џена Ортега која се појави стилизирана во дел од новата колекција на Сара Бартон за Живанши.

Убедливо доминираше црната боја, а префинетоста и гламурот беа одлично избалансирани.

Погледнете ја галеријата во продолжение.

Фото: Getty

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian