Дедо ѝ беше воен финансиски инспектор во Скопје: Мила Јовович, жената воин

Мила Јовович, родена како Милица Богданова Јовович, е една од најуспешните светски модели и актерки, чија кариера го надмина статусот на модна икона. Во 2004 година, списанието Forbes ја прогласи за најплатена манекенка во светот, а низ годините таа се истакна и како актерка, музичар и филмска продуцентка.

Корени и семејна историја

Мила потекнува од семејство со богата историја. Нејзината мајка, Галина Логинова Јовович, е руска актерка, додека таткото, Богдан Јовович, е лекар со српско потекло. Од татковата страна, семејството Јовович имало имот во Црна Гора и Косово, а прадедото Богиќ Цамиќ Јовович бил дел од племето Васојевиќ и гардист на кралот Никола Први Петровиќ. Името Милица го добила по неговата сопруга.

Семејната историја е исполнета со храбри и контроверзни приказни. Нејзиниот дедо, Богдан Јовович, служел како командант во Приштина и подоцна како воен финансиски инспектор во Скопје и Сараево. Неговите одлуки, вклучително и откривањето на проневери на злато, го однеле на Голи Оток, но подоцна успеал да побегне во Албанија и Советскиот Сојуз.

Бабата по мајка, Татјана Попова, како тинејџерка учествувала во борбите на Втората светска војна, марширајќи сè до Берлин, а нејзиниот сопруг исто така бил активен во војната.

Преселување во Америка и почеток на кариерата

Семејството Јовович се преселило во САД, каде Мила се соочила со тешкотии при адаптацијата.

„Во прво одделение ме нарекуваа руски шпион. Децата умеат да бидат сурови, но подоцна сфаќаш дека тоа всушност те учи на издржливост“, се присетува таа.

На 18 години ја започнала својата манекенска кариера, со позирање за италијанскиот магазин Lei, што ѝ отвори врати кон актерскиот свет. Раните филмски улоги вклучуваат „Ноќен воз до Катманду“ и „Враќање во сината лагуна“.

Холивудска пресвртница

Клучниот момент во кариерата на Јовович бил филмот Петтиот елемент (1997), каде ја играше улогата покрај Брус Вилис, во режија на Лук Бесон. Подоцна се прослави со улогата во франшизата Подмолно зло, која ја консолидираше нејзината позиција како една од најсилните женски ликови во модерниот хорор и акциски жанр.

Покрај актерството, таа објавила два музички албума и неколку синглови, истакнувајќи се и во музичкиот свет.

Личен живот и семејство

Мила Јовович е во брак со режисерот Пол Андерсон, а парот има три ќерки: Евер Андерсон, Дашиел Едан и Ошин Ларк Елиот. Евер веќе се насочува кон актерството, следејќи ги стапките на мајка си.

„Не ја интересира медицина како татко ми. Сакам да ја поддржам во глума“, изјавила Мила.

Поврзаност со Балканот

Јовович често зборува за своето потекло и семејните вредности. „Потекнувам од долга линија борци и револуционери. Горда сум на наследството на мојот дедо Богдан Јовович“, напишала таа на Инстаграм.

Иако татко ѝ поминал дел од животот во затвор, Мила истакнува дека таа била единствениот член на семејството што никогаш не се соочил со тоа. Воедно, таа планира да сними филм за Голи Оток, со кој се надева дека ќе ја приближи историјата на американската публика.

Професионален успех

Најновите нејзини достигнувања ја вклучуваат улогата во филмот Јованка Орлеанка, каде доби признание за маестрална изведба и докажа дека и по речиси три децении, останува на врвот на филмската сцена.

Н.Т