Деловен стил во боја

Канцеларискиот дрес-код често се поврзува со неутрални тонови црна, сива, темно сина или беж. Но, модерниот деловен стил дозволува повеќе слобода и креативност, особено кога станува збор за боите. Внесувањето боја во канцелариската гардероба не само што го освежува изгледот, туку може да делува и мотивирачки и самоуверено.

Една впечатлива боја

Ако не сте сигурни од каде да започнете, изберете едно парче во боја, блејзер, панталони или здолниште и комбинирајте го со неутрална основа.

Пастели најбезбеден избор

Пастелните нијанси како светло сина, лаванда или нежно розова се идеални за деловна средина. Тие изгледаат елегантно и суптилно, а сепак внесуваат боја без да бидат премногу нападни.

Монохроматски комбинации

Носењето различни нијанси од иста боја создава софистициран и модерен ефект. На пример, комбинација од темно сина со светло сина или беж со карамел нијанси изгледа стилски и професионално.

Боја преку детали

Ако строг дрес код не дозволува многу експерименти, внесете боја преку аксесоари, марама, ремен, чевли или чанта. Ова е суптилен начин да го освежите изгледот без да ја нарушите деловната елеганција.

Баланс со неутрални тонови

Правилото за успешен деловен стил во боја е едноставно – комбинирајте ја бојата со неутрални парчиња. Така ќе избегнете пренатрупан изглед и ќе задржите професионалност.

Боите во канцеларија не се забранети, напротив, тие можат да го нагласат вашиот стил и самодоверба. Со внимателен избор и добра комбинација, деловниот изглед може да биде истовремено елегантен, модерен и полн со карактер.