Еден пар фармерки, 7 различни комбинации

Фармерките се едно од ретките парчиња што никогаш не излегуваат од мода. Без разлика дали се класични сини, црни или светли, тие се основа врз која може да се изградат безброј комбинации.

 Со еден пар фармерки може да се создаде стил за секоја прилика.

Класика за секој ден

Комбинирајте ги фармерките со бела маица и патики. Ова е наједноставната, но секогаш успешна комбинација. Додајте тексас јакна или кожна јакна за малку повеќе карактер.

Деловно лежерно

Фармерките лесно можат да изгледаат софистицирано ако ги споите со кошула и сако. Изберете неутрални бои и додадете чевли со мала потпетица или мокасини.

Вечерен изглед

За вечерен излез, комбинирајте ги со сатенска блуза или топ со интересен крој. Високи потпетици, впечатлив накит и мала чанта ќе го подигнат целиот изглед.

Спортски стил

Дуксер или широка маица, патики и фармерки – идеално за опуштени денови. Овој стил е удобен, а воедно и тренди.

Романтичен изглед

Споjте ги фармерките со нежна блуза, цветен дезен или чипка. Додајте балетанки или сандали и добивате мек, женствен стил.

Урбан шик

Комбинирајте ги со црн ролка џемпер и чизми до глужд. Додајте големо палто и очила за сонце за модерен, шик изглед.

Statement комбинација

Ако сакате да се издвоите, носете ги фармерките со впечатливо парче, шарена кошула, необичен крој или силна боја. Нека фармерките бидат баланс за смелиот избор.