Една принцеза, неколку диви: Најдобро облечените ѕвезди на наградите БАФТА

Сезоната на награди продолжува со забрзано темпо, а БАФТА наградите беа најновата станица на патеката за холивудската елита. Кој е во водство? Екипата на Sinners, филм со 13 номинации, меѓу кои и Мајкл Б. Џордан за главна машка улога, како и номинацијата за најдобра споредна женска улога за Вунми Мосаку, која за церемонијата носеше креација од лондонскиот дизајнер Ахлувалија.

На друго место, One Battle After Another освои 14 номинации, вклучувајќи ја Чејс Инфинити во категоријата главна женска улога и Тејана Тејлор за најдобра споредна женска улога. Токму таа ѕвезда, која важи за најистакнатата модна приказна на успехот оваа сезона, соработуваше со Даниел Ли од Burberry на уникатен, по мерка изработен корсетиран тренч-фустан до под од свила во боја на слива. Дизајнерот изјави дека креацијата ја симболизира нејзината женственост и сила.
„Мојот омилен елемент е јаката, која преку слоевито обликување на свилената обвивка доби форма што наликува на роза,“ изјави Ли додавајќи- „Скулптуралната мекост прекрасно контрастира со силуетата на тренч-палто.“

Дел од наградените:

One Battle After Another ја освои наградата за најдобар филм, Џеси Бакли за најдобра актерка во Hamnet, Роберт Арамејо за најдобар актер во I Swear, Вунми Мосаку – Sinners за најдобра споредна улога и Шон Пен – One Battle After Another во категоријата актери за најдобра споредна улога.

Најголемо внимание привлече принцезата од Велс- Кејт, која заедно со принцот Вилијам се појавија на црвениот килим. Секако, Моника Белучи никого не остави рамнодушен.

Подолу, погледнете го изборот на FASHIONEL за најдобро облечените ѕвезди на БАФТА 2026.

Н.Т