Во срцето на Скопје, во просторот каде модата дише со полни гради, се случи нешто повеќе од настан – се роди вистински културен мост. Ателјето на најдобриот македонски моден бренд со интернационална слава ELENA LUKA се трансформираше во магичен кинески дворец со македонски дух, каде секој детаљ раскажуваше приказна за традицијата, уметноста и безвременската естетика.
Токму тука, ELENA LUKA беше домаќин на Салон на кинеската култура, во ко-организација со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија – настан што ја потврди моќта на модата како универзален јазик.
Мирисот на ориентот, суптилно распослан низ просторот преку внимателно одбрани ароми од Кина, создаде амбиент што ги водеше присутните низ едно несекојдневно сетилно патување.
Настанот го водеше водителката Вера Мештеровиќ, која со елеганција го најави доживувањето исполнето со културна синергија.
Оваа временска капсула свечено ја отвори г-ѓа Елена Лука, личност која ја обликуваше модата во земјава на највисоко ниво. Ја презеде сцената со неверојатна енергија својствена само за неа, со топол поздрав и инспиративен говор, истакнувајќи дека ова не е само моден настан, туку сплотување на две древни култури во едно современо уметничко доживување што ќе остане врежано во меморијата.
View this post on Instagram
И не само тоа, туку соединување, поттик и можност за креативност, визија, напредок, сето она што е врежано и во темелите на брендот ELENA LUKA.
По неа, пред присутните се обрати амбасадорката на Кина, Џианг Сјаојен, која не ја криеше својата возбуда од соработката со брендот ELENA LUKA кој и според неа е најдобар и со своите дизајни парира на оние светските на висока мода како и потенцијалот што ваквите иницијативи го имаат во градењето мостови меѓу народите.

И навистина – така и беше.
Ревиите започнаа како тивок шепот на свилата, а потоа прераснаа во визуелен спектакл. Трите кинески дизајнерки Zhou Jin, Gong Hangyu, претседателка на стопанската комора на текстилен кластер во Кина и Jiang Xiaoxi претставија колекции кои ја слават рачната изработка, чистата свила и древните техники на ткаење и везење.



Во нивните дела се чувствуваше духот на кинеската традиција, вткаен со симболика од нумерологијата, различни светови и инспирации од кинескиот хороскоп – 2026 година која, според нивната интерпретација, носи енергија на коњот, симбол на сила, движење и напредок.





Креациите навистина беа извонредни и се гледаше дека вметнато е многу љубов и прецизност.




Посебен впечаток остави и дизајнерката на накит Chen Ziyue, чии креации ја сублимираа природата и современите тенденции во уникатни уметнички форми – деликатни, но моќни, традиционални, а сепак авангардни.
Кулминацијата следеше со појавувањето на ELENA LUKA – пет ексклузивни креации на висока мода кои ја носеа македонската традиција на едно ново, глобално ниво. Свилата повторно доминираше, но овој пат со македонски мотиви, рачна изработка и суптилна етно-инспирација која совршено се вклопи во ориенталниот контекст на вечерта.




Г-ѓа Елена Лука блескаше во специјално дизајнирана креација за оваа пригода – модел во кој се преплетуваа кинеската традиција и бојата на сонцето, симбол на енергија, живот и моќ.
Таа беше вистински домаќин – комуницираше со секој гостин, заедно со амбасадорката објаснуваше за креациите, за симболиката, за културите… Во еден момент, двете заедно и активно учествуваа во пробување на дел од моделите, што внесе дополнителна топлина и автентичност во настанот.
Особено внимание привлече моментот кога г-ѓа Лука облече империјалистичка облека стара 300 години на кинеска царица – парче кое, според традицијата, симболизира просперитет и лидерство. Иако тоа не им е практика, сепак со голема љубов го направија тоа, за да ѝ посакаат среќа и благослов во животот и работата и да ја изразат радоста што во неа, тимот и брендот пронајдоа одлични пријатели и соработници.
Сцената беше како извадена од историјата, но доживеана во сегашноста.
Бреднот ELENA LUKA веднаш беше поканет на модна недела во Кина, како и на други модни настани. Амбасадорката инсистираше г-ѓа Елена Лука лично да отпатува во Кина. Тие веќе го познаваа брендот, слушнале за него, истражувале и се воодушевени од светскиот квалитет и современиот дизајн на колекциите.

Во текот на величенствениот настан, ВИП гостите од политичката, бизнис и естрадната елита не беа само набљудувачи – тие активно учествуваа, пробуваа дел од креациите на кинеските дизајнери и стануваа дел од приказната. Посебен сегмент беше посветен на традиционалната кинеска чајна церемонија, каде за секое годишно време беше подготвен различен чај, внимателно сервиран и објаснет, претворајќи го ритуалот во вистинско културно искуство.
Ова не беше само настан. Ова беше дијалог. Средба на две цивилизации. Момент кога модата зборуваше јазик што сите го разбираат – јазикот на убавината, традицијата и визијата.
Со оваа вечер, ELENA LUKA уште еднаш покажа дека не е само моден бренд, туку културен амбасадор кој создава мостови, руши граници и ја позиционира македонската мода таму каде што ѝ е местото – на светската сцена.
View this post on Instagram





















































Н.Т