ЕЛЕНА ЛУКА – МОДНА ИКОНА СО СТИЛ КОЈ Е ИЗРАЗ НА УСПЕХ

Последниот месец од 2024 година донесе значајни достигнувања и престижни признанија за ЕЛЕНА ЛУКА. Сопственичката и генерална менаџерка на ELENA LUKA GROUP во декември месец беше избрана за ЖЕНА НА ГОДИНАТА, ја доби наградата за МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, како и наградата Лидерство за различности на првите „ABILITY AWARDS 2024“.

Taa исто така  беше покровител на  хуманитарни модни ревии кои испратија силна порака за поддршка на оние на кои најмногу им е потребна помош, посебно во овој празничен период.

На сите овие настани ЕЛЕНА ЛУКА се појави во маркантни изданија кои го славеа нејзиниот успех. Модните избори на ЕЛЕНА ЛУКА беа нејзино лично креативно решение и секое од нив се издвојуваше по својата уникатност и софистицираност.

Со овие појавувања ЕЛЕНА ЛУКА уште еднаш потврди дека е вистинска модна икона, некој што со својот стил и професионален пристап го диктира модниот тренд во нашата држава. Сите нејзини модни избори потврдуваат дека со право ја носи оваа титула, бидејќи нејзиниот стил е одраз на долгогодишна посветеност на врвниот дизајн.

-Навистина сум среќна што успесите на ЕЛЕНА ЛУКА во 2024 година беа препознаени и крунисани со престижни награди и признанија. Секој стајлинг кој го избрав за овие значајни моменти беше моја лична изработка и беше внимателно осмислен за да ја одрази мојата визија за елеганција, креативност и иновација. Лично бев вклучена во целиот процес, од идеја до реализација, на секоја уникатна комбинација која ја носи препознатливоста и авангардниот стилски печат на ЕЛЕНА ЛУКА. Исклучително внимавам на приликата и амбиентот на настанот каде што треба да се појавам и тоа е еден од клучните сегменти што го диктираат изборот на стајлинг. Но, исто толку важно ми е да го задржам мојот личен моден печат и токму тоа дава неповторлив и оригинален стилски акцент – нешто по што ЕЛЕНА ЛУКА секогаш се издвојува и го предводи модниот свет. Модата за мене е повеќе од естетика – таа е еден благороден начин на изразување, инспирација и поддршка на важни општествени вредности. Овие признанија не се само потврда за нашиот труд, туку и мотив да продолжиме да создаваме уникатни модни приказни кои инспирираат и носат промени.“истакна ЕЛЕНА ЛУКА во изјава за Fashionel.

Во прилог ги анализираме модните избори на ЕЛЕНА ЛУКА на овие значајни настани кои претставуваат круна на нејзиниот успех во 2024 година.

НАГРАДА- ЖЕНА НА ГОДИНАТА

Овој стајлинг прикажува елегантна и софистицирана облека, која одговара на деловен и формален изглед. Мантилот и фустанот се од металик материјал, брокат, со структурален дизајн и широки ракави. Посебно внимание е посветено на деталите како брендираните копчиња кои даваат дополнителен автентичен израз. Во комбинација со класични црни хулахопки и елегантни чевли со украси, целокупниот изглед е впечатлив, но истовремено умерен и софистициран. Косата е долга и стилизирана во нежни бранови, што дополнително ја истакнува женственоста. Оваа комбинација е совршена за формални настани или професионални средби.


НАГРАДА – МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2024

Овој моден избор се одликува со елегантен и уникатен дизајн. Мантилот со тиролка-фустан, од префинет брокат, е во светло жолта боја со впечатлив вез од птици и растенија, кој дава впечаток на артистички и етно-инспириран стил. Кројот е со класичен струк и широка, раскошна здолнишна линија, што додава елеганција. Чизмите се високи до колена, во темно црвена боја, изработени од кожа. Оваа комбинација создава силен контраст со фустанот и дава дополнителна софистицираност на целиот изглед. Долгата руса коса која е пуштена и минимално стилизирана, придонесува за природен и класичен изглед. Модните додатоци се дискретни со сваровски, што го комплетира впечатокот на свеченост. Ова е стајлинг кој одлично ја комбинира традиционалната инспирација со актуелните модни елементи.

НАГРАДА- ЛИДЕРСТВО ЗА РАЗЛИЧНОСТИ НА ПРВИТЕ „ABILITY AWARDS 2024“

Аутфитот кој ЕЛЕНА ЛУКА го избрала за оваа прилика прикажува елегантен и професионален изглед, идеален за деловни или свечени настани. Сако од твит, елегантно црно, со текстура и дискретни дизајнерски детали. Ова додава формалност и класична нота на изгледот. Широките црни панталони од твит, кои совршено се комбинираат со сакото, креираат извајан и елегантен изглед.

Белата кошула од жоржет свила, со панделката  со сатенски ефект дaва софистицираност и ја освежува темната комбинација. Стајлингот на косата е со брановидни кадрици, додавајќи женственост и мекост. Накитот е сваровски, дискретен, со часовник и прстени, што е соодветно за деловен изглед.

Овој изглед е идеален за жена која сака да покаже професионалност, стил и самодоверба.

ХУМАНИТАРНА МОДНА РЕВИЈА -„УБАВИ СМЕ, СВОИ СМЕ“- ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

Модниот избор на ЕЛЕНА ЛУКА за оваа прилика е во согласност со црно- белиот „дрес код“ на настанот. Тој е составен од елегантен мантил од брокат, со декоративен цветен дезен во темни тонови, кој се закопчува со копчиња со логото на модната куќа ЕЛЕНА ЛУКА, и е дополнет со специфичен крој за истакнување на струкот. Мантилот има функционални предни џебови и совршен крој кој додава софистицираност на изгледот. Под мантилот се назира тесен пократок фустан со сјаен финиш, што го зајакнува модерниот и трендовски впечаток. Аксесоарите, како малата, стилска црна ташна, додаваат префинетост и комплетираност на изгледот, заедно со накитот од брендот сваровски. Стајлингот е надополнет со детал, машна од рибон трака со логото на брендот ЕЛЕНА ЛУКА кој додава драматичен, но сепак женствен изглед.

Овој стајлингот е одличен за вечерни излегувања или формални прилики, комбинирајќи елеганција со удобност.

ХУМАНИТАРНА РЕВИЈА ПОСВЕТЕНА НА ЖЕНИТЕ КОИ СЕ БОРАТ ИЛИ СЕ ИЗБОРИЛЕ СО РАК

Фустанот кој ЕЛЕНА ЛУКА го носеше на овој хуманитарен настан е изработен од проѕирен, лесен материјал, сатен и жоржет свила, во пурпурна боја, со слоевит дизајн кој паѓа и создава елегантен и драматичен изглед. Горниот дел има асиметрична структура што додава модерен карактер, надополнет со маркантен сваровски накит и брош. Чизмите се високи, во впечатлива длабока црвена боја со висок сјај. Имаат остар врв и припиен дизајн кој нагласува луксуз и самоувереност.

Како посветен амбасадор на својот бренд ЕЛЕНА ЛУКА  на настаните беше забележана во друштво на успешни деловни жени кои исто така носеа нејзини креации.

Моделите што ги креира ЕЛЕНА ЛУКА се едни од најпосакуваните, а „custome-made“ креациите кои се инспирирани од нејзините изгледи, се едни од најбараните овој период. Тие дополнително ја истакнуваат нејзината лидерска улога во светот на модата.

Со овие модни избори, значајни признанија и хуманитарни активности, ЕЛЕНА ЛУКА ја заокружи 2024 година во знак на икслучителен успех.

Овие достигнувања не само што го реафирмираа нејзиниот статус во модниот свет, туку ја позиционираа и како инспирација за креирање на позитивни општествени промени.

Повеќе фотографии од стајлингот на ЕЛЕНА ЛУКА се достапни тука:

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian