Во атмосфера исполнета со префинетост и стил, ЕЛЕНА ЛУКА приреди ексклузивна затворена модна ревија за своите ВИП гости, претставувајќи ја новата пролет-лето колекција. Настанот, кој се одржа во ателјето на брендот, беше можност за блиска средба на присутните со уникатните дизајни на ЕЛЕНА ЛУКА.
„ЕЛЕНА ЛУКА и претходно организираше вакви настани, но за многумина од присутните ова беше ново искуство. Сепак, ЕЛЕНА ЛУКА клуб постои веќе петнаесет години, и во изминатиот период сме реализирале слични настани со нашите соработници, клиенти и пријатели кои ја следат нашата работа. Овој пат, особено ми е драго што во месецот на жената, во пресрет на 8 Март, решивме со тимот да организираме средба во нашето ателје и да ја претставиме новата пролет-лето колекција. Моделите беа презентирани од прекрасни манекенки, прикажувајќи различни едиции на брендот. Ја познавам публиката и очекував позитивни реакции, но особено ми беше важно да видам како ќе ја доживеат оваа ревија. Разговаравме за модата, конструкцијата на моделите, материјалите, како и за адаптацијата на креациите според индивидуалните потреби на клиентите. Ваквите вечери ќе станат традиција.“-истакна Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.
Во рамките на настанот беше претставен и концептот на ВИП голд картичките, наменети за членовите на ЕЛЕНА ЛУКА клубот, кои овозможуваат бројни поволности и ексклузивен пристап до специјални модни настани, едукативни сесии и хуманитарни проекти.
„ВИП голд картичките се наменети за членовите на ЕЛЕНА ЛУКА клубот. Секој може да стане член, но постојат одредени услови за пристап. Клубот нуди повеќе едукативни активности поврзани со модата, дискусии, промоции на нови модели, но и почести дружења. Секој кој ја следи ЕЛЕНА ЛУКА и има страст за модата, било како професија или хоби, може да стане дел од клубот. Важно ни е и да се поттикне хуманоста, ќе реализираме проекти како општествено одговорна компанија. Клубот ќе создаде можности за заедничко творење и развој, во сите области во кои ЕЛЕНА ЛУКА е активна – модата, градежништвото и медиумите.“- истакна Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.
Дел од организацискиот тим беше и модната новинарка и поранешен модел Снежана Сани Богдановска, која со своето долгогодишно искуство ги водеше присутните низ импресивната модна приказна на ЕЛЕНА ЛУКА, давајќи дополнителна вредност на прикажаното во кое гостите уживаа.
„Овој настан ќе ја подигне македонската модна сцена. Вакви настани досега не сме имале, иако глобалната модна сцена одамна ги практикува. Во мојата долгогодишна кариера како модел и моден новинар, ова го гледам како свеж поттик за развојот на модата кај нас. Оваа идеја можеби е стара, но сега се реобновува, носејќи ново значење за модната сцена, презентацијата и културата на облекување.“- изјави Снежана Сани Богдановска.- моден новинар.
„Како историчар, ми значи кога гледам развој на македонски бренд и инспиративни креации. Вечерва видовме прекрасни материјали, бои, актуелноста на твидот и брокатот, но и женственост, романтичност и благородност во моделите. Исклучителна ревија, и посакувам успех на пролет-лето колекцијата на ЕЛЕНА ЛУКА.“- вели Наташа Котлар Трајкова – Директор на Државен архив- гостин на настанот.
ЕЛЕНА ЛУКА повторно докажа дека модата е спектар на неисцрпни можности, култура и инспирација. Со вакви ексклузивни настани, брендот продолжува да поставува нови стандарди во модната индустрија.
Повеќе фотографии од ексклузивната затворена модна ревија за ВИП гости на ЕЛЕНА ЛУКА, се достапни тука: