Австриската амбасада во соработка со Macedonia Welcome Center на 28-ми април организараат културен настан (Austrian coffee morning) којшто ќе биде една увертира за 24-то издание на Виенскиот бал во Скопје.
Нашиот докажан моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА по тој повод на уникатен начин ќе го збогати настанот со fashion show, на коешто ќе учествуваат матуранти од скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин.
Вкупно десет ученици (пет момци и пет девојки) ќе изведат моден перфоманс со кореографија, облечени во балски фустани и смокинзи со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА, којашто со овој благороден гест уште една покажува дека е општествено одговорна компанија.
На овој начин нашиот моден бренд ќе им овозможи на младите одблиску да ја почувствуваат магијата на австриската култура и да ги прошират своите културни видици облечени во раскошот на ЕЛЕНА ЛУКА.
Настанот ќе даде вовед на Виенскиот бал на 10-ти мај во хотел Александар Палас, за којшто модната куќа обезбеди 30 влезници за матуранти од три скопски гимназии Јосип Броз Тито, Раде Јовчевски Корчагин и Никола Карев.
Момците и девојките ќе имаат ретка можност да бидат дел од една долгогодишна традиција и одблизу да ја почувствуваат магијата на балот.