Емилио Пучи ја претстави колекцијата пролет/лето 2025

Модниот бренд Емилио Пучи ја претстави својата нова колекција пролет/лето и докажа дека е име кое е создадено за топлата сезона.

Креативната директорка Камил Мичели со своите креации внесе свежина во Портофино, каде се случуваше модното шоу.

Ревијата ја следеа повеќе од 230 гости, а на пистата чекореа многу познати лица како Наоми Кемпбел и Алекс Консани.

Познатиот италијански бренд со години се поврзува за летото, па така и овој пат доминираа лелеави фустани совршени за топлите летни вечери.

Камил за оваа колекција на повеќе различни начини ги спои белата и црната боја, проткаени со розови нијанси.

Тука беа и впечатливите реси и големите бисери коишто придонесоа за уникатната текстура на креациите.

Фото: Instagram

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian