The life of the legendary Anthony Bourdain is getting a biopic

Кога гледаме биографски филм доживувањето на приказната е на едно повисоко ниво. Со самото тоа што знаеме дека станува збор за вистинки лик емоциите се секогаш силни.

По многуте вакви филмски остварувања за ред познати ликови од типот на Фреди Меркјури, Џим Морисон, Мерилин Монро, на ред доаѓа и биографски филм за еден од најпознатите готвачи во светот – Ентони Бордејн.

Но, Бордејн не беше само врвен кулинарски шеф, тој продираше длабоко во културите, во традицијата, во начинот на живот и доживувањето на храната низ светот.

Иако е рано да се зборува кој дел од неговиот живот ќе биде опфатен, едно е сигурно – филмот ќе го носи името Tony.

Неговиот лик најверојатно ќе го портретира актерот Доминик Сеса познат по улогата во филмот The Holdovers.

Бордејн кој си го одзеде животот на 61 година, во 2018-та се прослави со книгата Kitchen Confidential, со своите кулинарски мемоари каде отворено зборуваше за негламурозната страна на елитните расторани во Њујорк.

Својата телевизиска слава ја стекна со серијалот за готвење No Reservations. Пред смртта Ентони снимаше епизода за емисијата Parts Unknown во Париз, за CNN.

Останува да видиме како Tony ќе ни ја раскаже приказната за вистинскиот Бордејн.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish