We have the recipe for the viral Dubai chocolate that has won everyone over.

Доколку сте често на социјалните мрежи сигурно досега сте ја виделе Дубаи чоколадата којашто стана вистинска сензација. Рецептот на ова слатко задоволство кое стане интернет ѕвезда потекнува од слаткарницата Fix со седиште во Дубаи.

Видеата од нејзината подготовка ги воодушевија речиси сите, а за тоа е задолжен креативниот спој на неколку состојки.

Она што е поинакво кај оваа чоколада е тоа што во филот има кадаиф (односно ситно исецкани парчиња од вода и брашно) којшто е споен со неодолив крем од фстаци.

Сето ова е обвиткано со фино млечно чоколадо, така што освен со вкусот мами и со својот уникатен изглед.

Состојки:

  • 400 грама чоколада
  • 30 грама масло за јадење
  • 150 грама кадаиф
  • 200 грама крем од фстаци

Подготовка:

Растопете ја чоколадата и рамномерно распоредете ја по калап во којшто планирате да го правите десертот. Иситнете го кадаифот и додадете го на претходно стопениот путер во тавче.

Пржете се додека не добиете златна боја. Во меѓувреме загрејте го кремот од фстаци и измешајте ја со испржениот кадаиф.

Смесата ставете ја во обложениот калап со чоколада, а потоа прелијте со уште еден слој чоколада и оставете го десертот во фрижидер да се стегне.

Уживајте!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chef Panda (@chefpanda21)

Фото: Facebook, Instagram

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish