Cate Blanchett, spoons and sustainable fashion

Кога минатиот месец, на црвениот тепих, Кејт Бланшет се појави со топ целосно изработен од лажици предизвика вистинска модна сензација.

Оскаровката на себе носеше вкупно 102 стари, неупотребливи лажици и со овој невообичаен стајлинг го привлече вниманието на сите.

Кејт, 55, го повтори овој смел подвиг на на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто пред неколку дена.

Австралијанката повторно на себе имаше стари лажици, овој пат како додатоци на нејзината црна кошула.

Двете парчиња, каде главна улога игра токму овој прибор за јадење, се дело на шведската дизајнерка Елен Ходакова Ларсон.

Таа во своето ателје во Стокхолм трансформира веќе искористени предмети во вредни модни приказни.

Освен лажици, Елен користи, токи од ремени, пепелници, послужавници и слично.

Сите винтиџ лажици што беа потребни за стајлингот на Кејт беа од донесени од руралните средини на Стокхолм. Тие подоцна ја добија својата финална улога и форма во студиото на Ларсон.

Дизајнерката, со која што Кејт веќе некое време работи,  годинава е номинирана за престижната LVMH награда, што се доделува за најуспешен нов дизајнер.

Личниот став на Бланшет за модата е сличен како колекциите што Ларсон ги создава, а тоа се одржливи парчиња, односно рекреирање на нешто ново од стар материјал.

И самата актерка со години носи исти креации по неколку пати и не мисли дека е задолжително секогаш да се појавуваш во нешто ново.

А кога ќе одбере нешто за прв пат, Кејт гледа тоа да биде од еколошки материјали.

Фото: Getty

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish