Црвена, жолта, портокалова, кафена и сите нијанси помеѓу… есента е вистински уметник. А кога сите овие бои ќе се најдат на облеката стилот добива нова димензија.
И додека чекориме по есенските листови, во боите на ова годишно време, чувството е неописливо – мода во чест на природата.
Прекрасни нијанси на сончогледово жолта, светло окер, корално црвена и портокалова, раскажуваат приказна со секое парче, со секој пар панталони, јакна, капут, здолниште, чизми…
Многу комбинации што одговараат на вкусовите и расположението.
Доза на инспирација во боите на есенските лисја.
Уживајте.
Photo: Pinterest