How to wear leggings in autumn

Удобноста кај облеката е од голема важност, а кога зборуваме тоа мислиме на хеланките.

Иако можеби не ги замислуваме како парче облека за излегување, ако правилно ги стилизираме добиваме моден погодок.

Со хеланките имаме спортски, елегантен или спортско-елегантен аутфит во зависност од тоа со што ги комбинираме.

Црните хеланки се најчест избор, а веќе одамна знаеме дека високите чизми се нивен најдобар пријател.

Кога се одлучувате за хеланки, секогаш одбирајте квалитетени и подебели, а за чизмите, тие можат да бидат рамни или на потпетица, во зависност од приликата.

Спортскиот аутфит може да го дополните со елегантна чанта, а ако се решите за хеланки и балетанки додадете и oversized блејзер.

Патиките се секогаш добредојдени, а најдобро ќе се сложат со дуксерите.

Еве како ги носиме хеланките во есен.

Photo: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish