Dani shone at Makfest in styling by ELENA LUKA

Втората макфестовска вечер ни понуди одлична содржина, песни од веќе докажани и големи имиња во коишто публиката уживаше. Кон нив се придружија и петте избрани композиции од првата вечер приредувајќи уште една незаборавна ноќ исполнета со квалитетна македонска музика.

Честа да го затвори фестивалот ја имаше Дани која како и секогаш со својот моќен глас и стас блесна на сцената.

Нашата поп-рок дива се појави во уникатен стајлинг на ЕЛЕНА ЛУКА – црно сако со панделка, но она што ги привлече погледите беше впечатливиот накит.

Дани го донесе фестивалскиот гламур во креација која како да беше совршена за неа. Нејзиниот бунтовен дух се преточи во монистрата и бисерите коишто го опсипуваа горниот и долниот дел од блејзерот.

За нејзиното враќање на Макфест и за соработката со ЕЛЕНА ЛУКА Дани рече

Макфест го доживувам како континуитет, како фестивал кој создал многу големи имиња и големи хитови. Токму затоа заслужува особена почит. Песната со која ќе се претставам е дел од албумот што ни претстои. Кога ме поканија да учествувам на Макфест, без размислување со мојата продукција се одлучивме тоа да биде песната Пијана.

Со ЕЛЕНА ЛУКА соработуваме веќе 20 години, а со тек на времето спонтано, станавме и пријателки. Бескрајно ја почитувам дека навистина знае да го акцентира впечатливото кај секоја индивидуа. Мене совршено ми ги погодува замислите и тоа што го сакам. На овој аутфит конкретно се работеше долго, а зад инспирацијата стои тимот од ЕЛЕНА ЛУКА. Јас сум пресреќна што постојат и што совршено се разбираме сиве овие години наназад.

Дани и ЕЛЕНА ЛУКА приказна која трае…

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish