Elegance in boots

Без нив не можеме да го замислиме зимскиот стајлинг – чизмите се составен дел речиси од секој аутфит во сезоната што следи токму поради нивната практичност, топлина и секако стилскиот момент.

Ги носиме во секаква комбинација, но сепак спојката со здолништата ни ја дава онаа елеганција што ја посакуваме.

Чизмите ги носиме на кафе, на вечерна забава, во канцеларија… Тие се како јаготка на шлагот во зимската стилска игра.

Црни, окер, сите нијанси на беж и кафеави, актуелните бордо како и посмелите варијанти на анимал принт и црвена боја. Ако не сте фан на потпетици тука се и моделите со рамен ѓон, како и оние на платформа.

Назависно од вашиот стил чизмите го заслужуваат секое внимание како еден од клучните стилски елементи во студените денови.

Photo: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish